Резултатите се одлични
Постојат многу причини за појава на темни дамки на кожата. Да речеме – бричење, депилација, изложување на сонце, употреба на дезодоранси итн. По правило, дамките обично се појавуваат во пределот на вратот, под пазувите и на внатрешната страна на бутовите.
Постојат одредени козметички производи кои помагаат да се отстранат темните дамки од кожата. Но, како што е познато, тие не се секогаш безбедни за нашето здравје, бидејќи содржат хемиски супстанци, а нивната цена понекогаш не е прифатлива за сите нас.
Ви препорачуваме да го пробате овој народен лек кој ќе ви помогне да ја исчистите кожата:
Она што ќе ви треба е:
2 лажици маслиново (или кокосово) масло
1 лажица сол (најдобро морска сол)
1 лажица сода бикарбона
Состојките треба да се мешаат додека не се добие хомогена смеса. Можете да направите поголема количина и да ја чувате во стаклена тегла.
Смесата се нанесува на проблематичната област на кожата и треба да се остави 30 минути. Потоа исплакнете со ладна вода.
Постапката се препорачува да се повторува 3 пати неделно, додека дамките целосно не исчезнат.