4 РАБОТИ ЗОШТО ПОМЛАДИТЕ МАЖИ ГИ ПРИВЛЕКУВААТ ПОСТАРИ ЖЕНИ! И да, АКЦИЈАТА ВО КРЕВЕТ е една од главните ставки!

popara3 декември, 20221min00
550339_ljubav1_f

Еден маж сподели зошто зрелите и постарите жени се попривлечни од неговите врснички

Слаѓана Трикиќ, водич за трансформација специјализирана за партнерски односи, се занимава со различни љубовни теми, како што е односот помеѓу помладите мажи и постарите жени.

Според нејзиното искуство, ваквите комбинации не се ретки, а еден маж споделил со неа зошто е тоа така.

Поточно, тој навел 4 работи кои ги привлекуваат помладите мажи кај жените кои се постари од нив:

  1. Помладите девојки се уште се обидуваат да се пронајдат, не знаат кои се, што се, немаат доволно самодоверба, несигурни се, зависат од туѓото мислење, не знаат што точно тие сакаат.

Од друга страна, зрелите жени имаат животно искуство, кое им носи доза на мудрост, стабилност и самодоверба.

  1. Му одговараат оние длабоки разговори со постари жени, за значајни животни теми, додека разговорите со помладите девојки може да бидат површни.
  2. Најдобрите интимни односи што ги имал биле со постари жени. Опуштени се, не играат емотивни игри, немаат потреба да се докажуваат, знаат кои се, што се, што сакаат, што не сакаат, можат да уживаат.
  3. Тие го сакаат него поради тоа што навистина е, ги привлекува поради тоа што навистина е, а не поради неговиот паричник, социјалниот статус, бидејќи тие главно се веќе реализирани и не треба да се реализираат преку него.

Со тоа се симнува притисокот од самиот маж, за да може да се опушти и да биде тоа што е, без страв дека таа ќе сака да го смени или да го искористи итн.