Повеќето шминкери ќе се согласат дека добро дефинираните очи се клучот за совршен мејкап изглед
Сенката игра клучна улога во ова и не е лесно да се создаде таков впечатлив изглед. Сепак, клучот е во малите техники и дополнителните производи кои ќе ги направат очите понагласени, а сенката ќе изгледа интензивно како во палетата.
Прајмер
Повеќето од нас се концентрираат повеќе на крајниот резултат од шминката на очите, но секогаш забораваме да користиме прајмер за очи. Целосна заблуда е дека прајмерите за очи се наменети само да ја продолжат долготрајноста на сенките за очи. Прајмерите додаваат живост на очите, правејќи ја бојата поинтензивна.
База за сенка
Формулата на базата за сенки за очи е сосема различна од онаа на прајмерот за очи. Има густа и кремаста формула. Тоа и помага на сенката да се држи до капакот. Најдобро е да ја нанесете базата со врвовите на прстите, бидејќи помага полесно да се нанесе производот. Шминкерите секогаш прво нанесуваат прајмер, а потоа следат со база за сенки, пишува „Stylecraze“.
Бело моливче за очи
Белите моливи лесно можат да го заменат прајмерот. Покријте го целиот капак со бело моливче и употребете цврста четка за сенки или прстите за побрзо, рамномерно распоредете го за да делува како основа. Потоа нанесете ја сенката.
Намокрете ја четката за сенки
Трикот за да направите сенките да изгледаат повидливо и посветло е да ја намачкате четката за сенки со спреј за шминкање или обична вода. Откако ќе ја навлажните четката, нежно допрете ја преку чисто марамче за да го отстраните вишокот вода. Четката треба да биде влажна за полесно да го собере производот.