ДОАЃА МАШКАТА КОНТРАЦЕПЦИЈА! Се нанесува на рамениците, а еве КАКО делува – во ред е и да испуштите третман!

popara3 декември, 20221min00
376144_beautiful-young-couple-starting-making-love-85574-6108_f

Контрацепцијата кај мажите се уште е во фаза на истражување, се применува со мачкање на рамениците и делува на тој начин што го намалува бројот на сперматозоиди

Машката контрацепција која се втрива во рамениците на момците е на пат да делува подобро од апчињата.

Хормонскиот гел „Несторон“, како што го нарекуваат во периодот на истражување, ги изненадува научниците со својот успех во испитувањата.

Десетици парови, вклучително и околу 40 во Обединетото Кралство, ја тестираат пионерската контрола на раѓањето.

Резултатите од студијата сè уште се во тајност, но истражувачкиот тим досега нема пријавено ниту една бременост.

Водачот на студијата д-р Дијана Блајт вели:

– Восхитени сме. Не ги предвидовме резултатите што ги добивме, па затоа сме многу среќни. Досега, тие се добри како најефективните методи за жените, вклучувајќи ги интраутерините помагала и импланти.

Несторонот делува така што го намалува бројот на сперматозоиди на помалку од милион на милилитар, во споредба со нормалните 15 до 20 милиони.

Веќе е одобрен за употреба кај жени, каде што го спречува ослободувањето на јајце клетките од јајниците.

Новата машка верзија се меша со тестостерон за да ги замени хормоните во крвта – но не и тестисите.

Бавната верижна реакција на хормоните значи дека мажите можат да пропуштат ден или два од третманот без страв од случајна бременост.

Но, методот е реверзибилен и некои парови ја напуштиле студијата за да основаат семејства.

Ќе треба да следи поголема и подолга студија за да се докаже колку е ефикасен.

Ако се биде во ред, гелот би можел да се најде во аптеките до 2030 година, пренесува „TheSun“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag