Хејли сподели ТРИК со руменило и ги воодушеви сите ЖЕНИ: Едноставната ФИНТА ги натера дури и професионалните шминкери да ги симнат капите (ВИДЕО)

popara4 декември, 20221min00
41503_tgghreghres_f

Хејли Бибер е дефинитивно славна личност на која сакате да се потпрете кога ви треба совет за шминкање

Во едно од нејзините неодамнешни видеа на „YouTube“, моделот, инфлуенсерка и основач на брендот Хејли Бибер нè воведе низ нејзината рутина за шминкање есен/зима со помош на нејзината шминкерка Леа Дарси.

Таа сподели мејкап трик кој е оценет како генијален, а се врти околу нанесувањето руменило и, како што се испостави, на тој начин можете да постигнете навидум природен изглед.

Па кој е трикот за руменилото? Едноставно е. Пред да нанесе течно или кремасто руменило, Хејли го меша со крема за лице. На овој начин се постигнуваат две работи. Прво ја „разредува“ бојата што го олеснува нанесувањето и блендирањето и полесно се задржува на кожата.

Второ, се постигнува блескав изглед на кожата што ја рефлектира светлината, со што ги нагласува јаготките и визуелно ги подигнува.