
Колку често ја менуваме или переме постелнината е тема на која мислењата се поделени, но мнозинството некако се држи до тоа да ја менуваме барем еднаш неделно. Но, новото истражување покажа дека менувањето и пререткото перење на постелнината може да биде поврзано со некои здравствени проблеми.
Проблеми со кожата
Мртвите клетки на кожата кои се таложат на чаршафи и навлаки за перници се идеална храна за грини кои можат да предизвикаат голем број кожни болести. Егземата е една од најчестите, а тоа е болест која предизвикува чешање и болен осип и иритација на кожата.
Алергии
Грините лачат измет кој во комбинација со телата на мртвите грини може да биде поттик за алергии и астма. Симптомите може да вклучуваат осип на кожата, чешање и печење на очите и течење на носот. Во тешки случаи на астма, ова може да предизвика тешкотии со дишењето, а тоа може да биде многу опасно.
Воспаление на слепото црево
Акумулацијата на бактерии на постелнината може да доведе до воспаление на слепото црево доколку тие навлезат во дигестивниот тракт. Алок Виа, дерматолог од Клиниката во Кливленд, изјави за Дејли експрес дека во нашето тело има повеќе бактерии отколку клетки во телото. Сепак, бактериската инфекција на слепото црево може да биде исклучително сериозна. Апендицитисот често бара хируршка интервенција, а пукнатото слепо црево може да биде фатално.
Инфекции
Бактериските инфекции можат да бидат и резултат на таложење на микроби на неизмиени постелнини. Една од најзаразните бактерии е staphylococcus aureus, која многу лесно се шири и може да предизвика сериозни здравствени проблеми. Оваа бактерија, меѓу другото, е поврзана и со пневмонија. Гонорејата е уште една бактериска инфекција која може да се пренесе преку неизмиена постелнина, особено ако го делите креветот со заразено лице.
Поради сето ова, се препорачува редовно да ја миете постелнината, додека лицата со заразни болести треба секојдневно да ја менуваат постелнината.
Најлошата сезона…
Посебно треба да бидеме внимателни во сезоната на настинки, вируси и грип, која, како што знаете, веќе пристигна. Значи, ако сте настинати или случајно сте „фатиле“ вирус или грип – мора редовно да ја менувате постелнината. И за себе и за оној со кој го делите креветот. Само така ќе спречите размножување на вирусите, вашиот партнер нема да се зарази, а исто така ќе се подобрите побрзо.