
Италијанската актерка Моника Белучи и на 58 години важи за една од најубавите жени на светот, а ласкавата титула ја оправда со последното појавување.
Овој месец Моника глуми во претставата „Maria Callas, Lettres et Memoires“ во Париз, а по тој повод го промени својот изглед и уште еднаш покажа дека е божица на трансформацијата.

Нејзината долга кафена коса беше собрана во ниска пунџа, а таа неодоливо потсетуваше на оперска дива.
Познатата убавица обожава црни комбинации и ги носи речиси во сите прилики, а така беше и овој пат. Моника е една од оние познати личности кои не ги следат слепо трендовите, иако често е критикувана поради нејзиниот стил.

Црното палто го спои со здолниште до колена, а покажа и дека не се откажува од својот препознатлив печат. Станува збор за длабоки велур чизми на платформа во кои Моника често се појавува во јавноста.
Ги носи во различни прилики и иако сигурно има многу парчиња од истиот модел, јасно докажа дека не е роб на стереотипите како што е непишаното правило дека ѕвездите не можат да носат иста облека или чевли повеќе пати.
