Брзо за подготовка, уште побрзо за јадење!
Состојки:
500 гр нампињони
700 гр пилешко бело месо
мала кесичка сусам (200гр), сол, бибер
6 лажици кисела павлака
100 гр мајонез
Подготовка:
Печурките исечкајте ги и на малку зејтин продинстајте ги, посолете и малку побиберете. Кога водата ќе испари, изладете и ставете ги во ’сецко’ да се иситнат. Пилешкото бело месо сварете го и кога ќе се олади исто така исечкајте го на ситни парчиња. Во тава на тивок оган пропржете го сусамот додека не добие светло златна боја. Соединете сè, додадете павлака и мајонез, посолете по желба.
Салатата може да се сервира како предјадење, или како намаз на тост леб.