Амал Клуни елегантна во долг фустан: Парот повторно воодушеви (ФОТО)

popara4 декември, 20221min00
66bd0c600a5b45e32c79255343c493a8cdef6060

Џорџ и Амал Клуни со право важат за еден од најсовршените парови на холивудската сцена.

Двојката се појави на 45-тата годишна вечера на Кенеди Центарот на Стејт департментот во Вашингтон, за време на викендот.

Амал изгледаше заносно во фустан до подот кој ѝ ласкаше на нејзината фигура. Зад неа се влечеше долга наметка, која на целиот изглед му даде гламурозен шмек, а црвената боја уште повеќе го нагласи сето тоа. Познатата адвокатка знае да изнесе вака впечатливи тоалети, па со секое појавување воодушевува одново и одново.

Џорџ изгледаше згодно како и обично во класичен црн костум додека со насмевка позираше покрај својата сопруга. Актерот е познат по својата спонтаност, па сега најде начин да се пошегува, додека Амал одеше тој и ја придржи наметката за фотографирањето.

Наградите Кенеди се доделуваат секоја година од 1978 година, а Клуни изрази колку е почестен што присуствувал на настанот:

– Растејќи во мало гратче во Кентаки, никогаш не можев да замислам дека еден ден ќе бидам тој што ќе седи на балконот во Кенеди центарот – рекол Клуни, пренесува Дејли Мејл.

Достигнувањата на Џорџ Клуни му донесоа два Оскари, пет Златни глобуси, четири награди САГ, БАФТА награда, две Critics’ Choice награди, Еми и награда за животно дело AFI.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma