Лекарите тврдат дека се ПОЛОШИ и од ЦИГАРИ: Пет видови намирници кои предизвикуваат зависност

popara5 декември, 20221min00
19648_shutterstock-1678004092_f

Психолозите од Универзитетот во Мичиген и „Вирџинија Тек“ наведоа пет намирници кои создаваат голема зависност, а резултатите од оваа студија беа објавени во списанието „Addiction“.

Според нивното мислење, високо преработената храна која содржи адитиви предизвикува речиси исто толку зависност како цигарите и тутунот.

Љубителите на слатки ќе ви кажат дека се „луди“ по чоколадо и дека тоа им делува како „дрога“ – ги смирува кога се под стрес, им го подигнува расположението и предизвикува силно чувство на задоволство по консумирањето. Многу експерти потврдија дека навистина постои храна која предизвикува зависност во нашиот организам, а еве ја „најопасната“…

Тие издвоија пет намирници поради кои практично чувствувате апстиненцијална криза кога не ги земате, а тоа се: чипс, сладолед, парчиња пилешко (нагети), колачи и помфрит.

Научниците дошле до овие резултати врз основа на критериумите користени при проценката на зависноста од тутун. Редовното консумирање на нездрава, преработена храна може да доведе до компулсивно прејадување, бидејќи таквата храна, како никотинот, влијае на расположението и општото здравје.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma