Познатиот фустан на Елизабет Тејлор од 1961 година пронајден во стар куфер

popara5 декември, 20221min00
_methode_times_prod_web_bin_cb8c29d6-6b61-11ed-b361-431d7dcc7c0e

Фустанот „Кристијан Диор“ што Елизабет Тејлор го носеше на Оскарите во 1961 година исчезна ноќта кога актерката ја освои наградата за најдобра улога во филмот „BUtterfield 8“.

Повеќе од 50 години се мислеше дека дизајнот на Марк Бохан за Диор е безбедно скриен во архивата на куќата во Париз, но вистината е поинаква.

Имено, познатиот фустан е пронајден во куфер во Лондон, кој ѝ припаѓал на Ен Санз, сопругата на поранешниот телохранител на актерката, шофер и доверлив човек на Ричард Бартон, Гастон Санз.

Ен Санз изјави за аукциската куќа дека фустанот, кој има бледо жолто елече со широко бело здолниште, бил облечен само еднаш, но Тејлор го сметала за шармантен и дека ќе го носи со себе на своите патувања, пренесува People.

Сепак, Санз додава дека до 70-тите, на актерката ѝ здодеало да ја влечка својата облека низ светот, па Ен донираше еден куп од нејзината гардероба, вклучувајќи го и фустанот од 1961 година.

Фустанот и другите вредни предмети на актерката ќе бидат понудени на аукција на 6 декември и се очекува да достигнат цена од 42.000 до 72.000 долари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag