Најактуелните трендови за капути и јакни на оваа зимска сезона: Размислете за малку поинакви парчиња

popara5 декември, 20221min00
cizme-kaput-rolka-moda-830x0 (1)

Сезоната на капути и поставени јакни и официјално е во полн ек, а температурите само ќе опаѓаат. Капутите се поелегантни од шушкавите јакни, па дамите сакаат да ги носат, дури и ако не се толку топли. Трендовите на палтата и јакните за 2022 година се движат од испробани и класични камила бои до палта со светли бои и принт.

Овие модели се видени на модните писти и веќе се хит, судејќи по фотографиите на инфлуенсерите и модните експерти. Во мешавината се вклучени безвременски силуети, како и повеќе актуелни стилови. Во секој случај, има нешто што одговара на секој вкус и буџет.

Макси палта

Макси кроевите се во центарот на вниманието оваа сезона – тренд кој инаку е забележлив и на другите парчиња облека. Ваквите палта го подобруваат вашиот целокупен стајлинг, правејќи го поиздигнат и доминантен. Одлично одат со дебели џемпери (поголеми се и во рамениците, за да не изгледате „затнато“), одлични се кога носите мини здолништа – ви ги покриваат нозете и не ви е ладно, а на во исто време тие изгледаат многу елегантно кога се комбинираат со ѕвонасти фармерки. Макси чантите одлично одат со нив, за да го добиете тој „скап“ изглед.

Мотоциклистички јакни

Без разлика дали ќе се одлучите за „преголема“ кожна мото јакна обложена со вештачко крзно или кожна јакна која е обложена внатре, нема сомнение дека ќе ве стопли. Одлични се за носење со кожени панталони, фармерки, воопшто за некој кој негува изглед на „уличен стил“.

„Крпено“ палто

Карираните палта пред две сезони беа заменети со капути кои изгледаат како да се склопени од неколку различни модели. Досега главно се однесуваше на комбинација на различни бои, а сега се забележува мешањето на принтовите и дезените.

Капут-шал

Еден микро-тренд на облека што стилските жени целосно го прифаќаат оваа сезона се палтата во стил на шал. Тие се многу елегантни, па се препорачуваат и со салонки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag