Актерката Џулија Робертс неодамна присуствуваше на свечен настан посветен на нејзиниот пријател и колега Џорџ Клуни во необична тоалета…
Познатиот холивудски заводник Џорџ Клуни ја доби наградата за придонес во културата, а церемонијата се одржа во Вашингтон. Иако целиот настан, но и дочекот беше посветен на Клуни, вниманието на пошироката јавност го привлече токму таа – Џулија Робертс.
Актерката се прошета на црвениот тепих во интересна креација, односно тоалета потпишан од модната куќа „Москино“, а како што можете да видите од фотографијата, главниот мотив на фустанот бил компилација од фотографии од лицето на актерот.
Се чини дека ова е еден вид почит на Џулија за долгата кариера на Клуни како актер и неговиот придонес во културата.