Викендов меѓународниот саем на уметност Art Basel во Мајами привлече многу богати и познати личности, кои покрај изложбите и настаните уживаа и во богатата забавна сцена. Можноста за возбудливо патување на Флорида не ја пропуштија новите родители Ријана и ASAP Rocky, кои папараците ги „уловија“ на романтичен состанок.
Откако уживаше во уметноста, популарниот пар се упати на вечера во познатиот ресторан Карбон на Саут Бич. Рири за оваа пригода избра проѕирен црн макси фустан без прерамки, а одоздола јасно се гледа црно боди.
Нејзиниот избор на накит беше особено интересен – таа обви долг златен синџир околу нејзиното тело со приврзок кој виси над бутот, а го усогласи со соодветно златно ланче. Пејачката го заокружи својот изглед со винтиџ чанта „baguette“ на Fendi изработена од кафена кожа и црни сандали со прерамки.
Роки се одлучил за малку порелаксиран стајлинг – комплет кошула и панталони со пруги, спортска капа од Гучи и кожени чизми со метален врв. Додека папараците неуморно ги фотографираа, раперот одеше пред Ријана, а таа го криеше лицето под густите локни.
Потсетуваме, парот накратко се повлече од јавноста по доаѓањето на нивниот прв син во мај, чие име се уште не го откриваат. Сепак, во последниве месеци се почесто можат да се видат на настани, а Рири најави големо враќање на сцената и се очекува да настапи на Super Bowl Halftime Show во 2023 година.