Англискиот актер Арон Тејлор Џонсон наводно е главниот кандидат да го замени Даниел Крег во улогата на тајниот агент Џејмс Бонд, пишуваат странските медиуми.
Џонсон (32) учествувал на тајна филмска аудиција во студиото Пајнвуд и ја импресионирал филмската продуцентка Барбара Броколи, пишува британски The Sun.
Медиумите наведуваат и дека Идрис Елба се откажал од преговорите да биде новиот таен агент на 007.
Фановите претходно предвидуваа дека улогата би можеле да ја преземат Хенри Кавил, Том Харди, Џејмс Нортон или Чиветел Еџиофор.
Популарниот актер Арон Тејлор Џонсон го покажа својот талент во филмовите „Kick-Ass“, „Avengers: Age of Ultron“ и „Godzilla“.
Кариерата ја започна во ТВ серијата „Armadillo“ од 2001 година, а славата ја стекна по улогата во биографскиот филм за Џон Ленон од 2009 година.