Поголемиот дел од храната што ја купуваме автоматски ја ставаме во фрижидер, мислејќи дека тоа е најдобриот начин за складирање. Сепак, некои намирници ќе го изгубат вкусот, мирисот или ќе се расипат или стврднат кога ќе се чуваат во фрижидер.
На пример, доматите може да го изгубат својот полн вкус бидејќи студениот воздух го запира процесот на зреење. Затоа најдобро би било овој зеленчук да се чува на собна температура.
Исто така, избегнувајте да го чувате лукот во фрижидер бидејќи со текот на времето ќе почне да никнува и ќе стане гумен. Затоа чувајте го на суво и помалку ладно место.
Лоша идеја е да се чуваат компирите во фрижидер – студениот воздух го претвора скробот во шеќер, поради што овој зеленчук добива сладок вкус. Како и лукот, компирот е подобро да се чува на помалку ладно и темно место.
Избегнувајте да го чувате медот во фрижидер, за да не се кристализира шеќерот. Чувајте го на собна температура, бидејќи еден интересен факт е што оваа слатка намирница нема рок на траење.
Маслиновото масло во фрижидер го менува својот состав и станува многу густо, па затоа треба да го чувате на темно и не толку ладно место.