Двојно ЧОКОЛАДНО ВОДОВОЛСТВО без брашно и со само 5 СОСТОЈКИ!

popara6 декември, 20221min00
563522_rum-coko_f

Однадвор крцкава, а внатре богата со чоколадо, бидејќи не содржи брашно, оваа торта е одлична за оние кои избегнуваат глутен, како и за оние кои се на кето диета… Љубители на чоколадо, навалете!

Состојки:

145 гр путер

300 гр квалитетно темно чоколадо, плус малку млечно за декорација

5 големи јајца

40 грама какао, плус уште малку за посипување

150 гр шеќер

прстофат сол

грст суво грозје, натопено во вода или рум

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 160 степени. Подгответе калап за торта од 23 сантиметри и намрсете го, а дното и страните на калапот посипете ги со какао. Чоколадото и путерот растопете ги на пареа, измешајте и оставете ги на страна. Одделете ги белките од жолчките и изматете ги белките во цврст снег, додавајќи им една по една лажица шеќер. Во смесата со чоколадо и путер додадете ги жолчките, изматете, па додадете го какаото. Додадете прстофат сол и една четвртина од белките и нежно измешајте со гумена шпатула. Потоа додадете го остатокот од белките и исто така измешајте. Печете го колачот 30-35 минути. Тортата украсете ја со какао, рендано млечно чоколадо и суво грозје.

Уживајте!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag