Дали е нормално да се размислува за ДРУГА личност за време на интимниот однос ? Експертите го имаат ОДГОВОРОТ

popara6 декември, 20221min00
par

На оваа тема беше спроведено истражување

Ако кажете дека никогаш не сте го направиле тоа, сигурно се лажете себеси. Тешко е да ги контролирате мислите за време на сексот, а многу луѓе често размислуваат за друга личност.

Тешко е да не се чувствувате виновни поради тоа. На пример, дали треба да му признаете на партнерот дека некој друг ви бил на ум? Дали тоа се брои како некакво чудно емоционално мамење?

Размислувањето за некој друг за време на сексот е сосема нормално – едно истражување на британска компанија за сексуални играчки, спроведено на 1.300 луѓе покажало дека 46 отсто од жените и 42 отсто од мажите фантазирале за некој друг за време на сексот.

Клиничкиот сексолог од Калифорнија, Дон Мајкл откри што е нормално и што може да биде знак дека вие и вашиот партнер треба да разговарате.

Размислувањето за некој друг за време на сексот не само што е сосема нормално, туку тоа е нешто што тој повремено го препорачува во својата пракса.

-Посебно за мажите ако имаат проблеми со одржување на ерекцијата или ако жената има проблеми со оргазмот, во ред е да помислите на нешто друго што ве пали – вели тој.

Исто така, може да биде корисно да размислувате за некој друг ако чувствувате дека треба малку да ги зачините работите или на друг начин се чувствувате мачно за време на сексот.

– Кога сме со некого подолго време, може да стане досадно или некој дури да почувствува некаква сексуална вознемиреност – посочува Дон.

– Способноста да се вклучат во еротска фантазија или да размислуваат за некој друг што ги возбудува може да им помогне да почувствуваат задоволство и возбуда.

Каде е границата?

Дури и ако е нормално и во ред, тој предупреди дека размислувањето за една специфична личност (како на пример поранешниот) или размислувањето за некој друг секогаш кога имате секс е веројатно знак за подлабок проблем.

На пример, едно е повремено да фантазирате за непознати лица што сте ги виделе на улица, но друго е да имате фантазии кои се повторуваат дека вашиот поранешен е таму со вас наместо вашиот сегашен партнер. Чувството на емотивна поврзаност со некој за кој размислувате може да биде незгодно и веројатно треба да сигнализира поголема расправија со вашиот сегашен партнер.

Како и кога да му признаете на партнерот?

Дон вели дека тоа не е нешто што мора да му го откриете на вашиот партнер. Но, ако ова постојано се случува, ако откриете дека не можете да доживеете оргазам, или да останете возбудени без да размислувате за некој друг, веројатно треба да ја преиспитате вашата врска. Ако сметате дека треба да му кажете на вашиот партнер, направете го тоа суптилно. Однесувајте се како да им кажувате за која било друга сексуална фантазија што можеби сте ја имале.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag