Џон Траволта емотивно се збогуваше со Кирсти Ели: Иако не беа во брак, многу се сакаа

popara6 декември, 20221min00
john-travolta-kirstie-alley-830x0

Тие двајца имале посебна врска

Познатата актерка Кирсти Ели почина на 71-годишна возраст по битка со ракот. Од неа се прости и колегата Џон Траволта, кој се огласи на Инстаграм.

– Со Кирсти имав една од најпосебните врски. Те сакам, Кирсти. Знам дека повторно ќе се видиме – напиша актерот.

Иако никогаш не биле во брак, Кирсти Али и Џон Траволта многу се сакале.

– За малку ќе избегав и ќе се омажев за Џон. Го сакав и сè уште го сакам. Да не бев веќе мажена тогаш, ќе избегав и ќе се омажев за него – изјавила тогаш Кирсти Ели.

Актерката беше во брак со ѕвездата од серијата „Чувари на плажата“ Паркер Стивенсон, па немаше ништо од бракот со Траволта.

– Ми требаа години да престанам да го гледам Џон на романтичен начин. Тој беше најголемата љубов во мојот живот – изјави еднаш Кирсти Ели, пишува „24sata.hr“.

Иако се разведе од Стивенсон во 1997 година, бракот со Траволта не беше возможен, бидејќи Џон беше во брак со Кели Престон.

Кирсти Али се омажи уште еднаш, со Боб Али.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag