ДАЛИ ПРЕТЕРУВАТЕ СО МИЕЊЕ НА ЛИЦЕТО? Еве колку често можете да го правите тоа

popara7 декември, 20221min00
Screenshot_9

Скоро и да нема жена што нема мал „арсенал“ производи за нега на лице.

 

 

 

Но, пред сите креми за хидратација – миењето е на прво место! Дали некогаш сте се запрашале дали се миете доволно често?

 

Еве што велат дерматолозите.

 

Колку често треба да го миете лицето?

 

Краткиот одговор е – двапати на ден.

 

Но, има нешто повеќе од тоа во приказната. Рутината, која вклучува миење на лице еднаш на ден, се покажа како недоволна. Идеално, треба да го чистите лицето двапати на ден – наутро и навечер, велат дерматолозите.

 

Логично е ако мислите дека денот треба да го започнете со чисто лице, на кое потоа ќе нанесете дневен крем, но и да одите во кревет со совршено чиста кожа.

 

Ако миењето на лицето двапати на ден е преголема задача, проверете дали сте го сториле тоа барем пред спиење навечер за да може кожата да се регенерира за време на спиењето.

 

Дали луѓето од одреден тип на кожа треба почесто да го мијат лицето?

 

Лесно е да се мисли дека мрсното лице треба да се мие почесто отколку сувото, но тоа не е така.

 

Миењето наутро и навечер со соодветни производи е правило што треба да го следат луѓе со сите типови на кожа. Пречесто миењето на лицето нема да ја направи кожата помалку мрсна отколку што е, може само да ја иритира.

 

На што треба да обрнете внимание при избор на производи за миење лице?

 

Пред сè, обрнете внимание на pH вредноста. Потребни ви се производи кои немаат pH вредност.

 

Овие формули нема да го нарушат вашиот природен pH фактор на кожата. Во спротивно, ризикувате да се соочите со феномени како црвенило, дамки на лицето и акни. На производ кој е pH неутрален пишува дека е тоа така или дека pH е избалансирана или дека нема додатоци во форма на сапун.

 

Исто така, ако сакате да избегнете производи што содржат сулфати, кои ја нарушуваат заштитната бариера на кожата, побарајте знак дека формулата е без SLS (натриум лаурил сулфат).

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag