Модниот триумф на глумицата на која ѝ зборуваа дека не е доволно убава

popara7 декември, 20221min00
27200615

Англиската актерка Флоренс Пју со својот моден избор успеа да ги засени другите на неодамнешните британски награди за независен филм. Таа веќе освои една пред пет години кога и беше наградена за насловната улога во филмот „Lady Macbeth“, но овој пат, се чини, сакаше да постигне поинаква победа.

Таа се појави во сатенски миди slip фустан на американската модна куќа Rodarte, но креацијата првично ја криеше луксузна наметка изработена од розов тул. Кога со драматично движење го фрли од себе, се откри фустан со винтиџ детали од тантела. Непотребно е да се каже дека актерката предизвика бурни реакции меѓу фотографите. Додека се натпреваруваа за најдобрата позиција на сликање, ѕвездата од филмот „Don’t Worry Darling“ им позирала како професионален модел.

Импресивната креација на сестрите Кејт и Лаура Муливи, кои стојат зад брендот Rodarte, актерката ја заврши со ѓердан Tiffany & Co, пирсинг на носот и штикли од Aquazzura, пишува Daily Mail. Тоа беше модно задоволство на една 26-годишна Англичанка на која на почетокот на кариерата ѝ предвидуваа (злобни) поединци дека ќе пропадне затоа што е „премногу обична“ и „недоволно убава“.

Спектакуларниот стајлинг на наградите БИФА е нејзино задоволство: целата вечер беше за неа, колку е убава и талентирана. Ако порано беше позната како недоволно убаво пајче, сега стана лебед чиј моден вкус инспирира.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag