Да ни кажеше некој пред неколку години дека така лесно ќе се збогуваме со мат кармините и сјајевите, немаше да им веруваме.
Но, еве, ерата на сјајот и сјајните усни се врати. Самиот тренд експлодира до тој степен што девојките се жалат дека не можат да најдат таков соодветен сјај во аптеките. Сепак, за среќа некој сфатил како да го направи тоа сам.
Се што ви треба е да земете безбоен сјај и сенка за очи во саканата боја. Изгребете ја сенката од палетата или земете сенка со светки во прав, извадете го капачето на сјајот и потоа измешајте ја сенката внатре.
@tashlicious
Секако, не мора да биде сенка, може да биде и бронзер, руменило, важно е само да ги содржи светките по кој сите полудуваме…
Многу девојки се воодушевени од овој тренд бидејќи повеќе не мора да трошат пари, туку бојата и сјајот можат да ги комбинираат како што сакаат!