За луѓето родени во овие знаци се вели дека се ладни и дистанцирани
Секој се справува со емоционалните проблеми на свој начин. Некои луѓе наоѓаат утеха во разговор, некои во самотија, додека некои остануваат прилично ладни и не реагираат на емоционалните дразби. Родените во овие знаци не сакаат да покажуваат емоции, па многумина ги обвинуваат за студенило и одвоеност:
Водолија
Како воздушен знак, Водолијата е неконвенционална и се справува со стресот на свој начин. Припадниците на овој знак сите животни тешкотии ги решаваат со логично размислување. Целосно ја елиминираат својата емотивна страна бидејќи веруваат дека одлуките треба да се носат со разум, а не со срце, но другите поради тоа ги доживуваат како ладни поради тоа.
Девица
Овој земјен знак е доста аналитички. Девиците не сакаат да бидат контролирани бидејќи мора да ги држат сите конци во свои раце. Ги планираат и најмалите работи и само сакаат да се фокусираат на своите цели, поради што секогаш остануваат фокусирани и ладнокрвни.
Јарец
Јарецот не сака кога некој му се меша во животот. Тие се тврдоглави и сакаат работите да се прават на одреден начин. Не сакаат да размислуваат за нечија перспектива и остануваат доследни на своите ставови. Бидејќи се амбициозни и материјалисти, немаат време да се справат со нечии чувства и можат без двоумење да ги прекинат врските со секој што им стои на патот до успехот.