РИЖОТО СО ПИЛЕШКО И ПЕЧУРКИ! Подобро отколку од РЕСТОРАН!

popara7 декември, 20221min00
552871_rizoto_f

Комбинацијата од печурки, пилешко и ориз е секогаш добитна и вака подготвеното рижото е подобро од она од рестораните

Состојки:

1 чаша (250 мл) ориз

2 филеа пилешко бело месо

печурки

1 чаша грашок (замрзнат)

2 средни моркови

1 среден кромид

1 црвена пиперка

зачини: сол и бибер по вкус

Подготовка:

Во длабоко тавче пропржете ги ситно сечканиот кромид, морковот и пиперката додека не омекнат (околу 5 минути). Пилешкото месо исечкајте го на коцки и ставете го во тавчето да се динста со зеленчукот, на тивок оган, додадете сечкани печурки и сето тоа мешајте го околу 5 минути. Додадете сол и бибер по вкус.

Додадете го оризот и шолја и пол вода, мешајте додека не зоврие. Кога ќе зоврие, намалете ја топлината, додадете го грашокот, поклопете и оставете да се готви околу 15 минути додека оризот не ја впие водата и не се свари.

Уживајте во рижотото!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma