Погледнете каков леб треба да јадете доколку сакате да се ослободите од вишокот килограми
Диететичарката Руши Пармар им ја реши дилемата на многумина. Кога одлучуваме кој леб да го купиме, обично сите мислат дека црниот е поздрав од белиот, па ако некој е на некаков режим на исхрана или диета, попрво ќе се одлучи за црн леб, и веднаш ќе го отстрани белиот од менито.
„Кога станува збор за хранливите материи, црниот леб дефинитивно има повеќе хранливи материи од белиот. И додека црниот леб се прави од делови од пченични зрна, т.е. трици, ендосперм и никулци, поради што има темна боја, белиот леб се прави од таканаречениот ендосперм на пченични зрна, што му ја дава својата карактеристична бела боја“, објасни таа за порталот „Pinkvilla“.
Она што е интересно е дека и црниот и белиот леб имаат исто калории, но црниот е похранлив и подобар за луѓето кои сакаат да ослабат.
„Црниот леб секако е многу поздрав и побогат во однос на исхраната и калориите. Затоа, хранливата вредност на црниот леб е особено погодна за возрасни и луѓе кои се обидуваат да изгубат вишок килограми“, додава Пармар.