Се туширате секој ден, а не знаете дека со тоа можеби правите грешка

popara7 декември, 20221min00
Screenshot_6

Не е грешка доколку не се туширате секој ден. Напротив, истражувањата покажуваат дека избегнувањето на сапунот и шампонот може да биде добро за вашето здравје.

 

 

 

Колку често се туширате е тема за која честопати се разговара. Многу луѓе кои се тушираат секој ден мислат дека избегнувањето на туширањето не е здраво.

 

Зошто е добро понекогаш да се прескокне туширањето?

Луѓето кои имаат проблеми со кожата се сведоци дека прескокнувањето на туширањето може да помогне кај оние што имаат егзема. Многумина мислат и дека реткото миење на косата, косата ја прави посјајна и поубава. Каква е врската помеѓу здравјето и колку често се туширате? Природните масла за тело кои ја штитат кожата се измиваат со топлите млазеви на водата. Уште е поголем проблемот кога топлата вода е комбинирана со агресивни купки или сапуни.

 

Без тие природни масла, кожата е уште поподложна на бактерии и вируси, а може да изгледа и суво и грубо. Секако, бројот на вашите дневни туширања зависи од вашето ниво на активности. Дали и колку вежбате, што јадете, колку се потите, со што се занимавате, кое годишно време е…

 

Што треба да избегнувате кога се туширате?

Ако сакате да се туширате секој ден, намалете го времето на туширање и избегнувајте хемиски производи. Хемиските производи ја сушат кожата, ја иритираат и можат да предизвикаат егзема. Најдобро ќе биде да користете само вода.

 

Користете масло кога се туширате

Расте трендот на користење специјални масла за туширање. Покрај купените масла, можете да користете и смеса која можете сами да ја направите. Смесата е од кокосово масло во кое ќе додадете неколку капки масло од портокал или рузмарин.

 

Рацете се исклучок, мијте ги често

Меѓутоа, сепак постои еден дел од телото кој никогаш не смеете да го прескокнувате кога е миењето во прашање. Тоа се рацете. Не треба да се споменува дека преку рацете се пренесуваат бактериите. Поради тоа задолжително редовно треба да ги миете.

 

Колку често е потребно да се туширате во зимa, а колку во лето?

Во текот на зимските месеци, експертите препорачуваат туширање два-три пати неделно. Што се однесува до косата, доволно е да се мие со шампон еднаш во неделата. Сепак, во лето се советува секојдневно туширање со млака или нешто поладна вода, без употреба на сапун и останата козметика. Туширањето би требало да трае кратко. Толку колку од кожата да се измие потта и нечистотиите, но не и природната мрснотија и на тој начин да се спречи сушењето. На сличен начин постапувајте и со косата. Избегнувајте премногу шампони.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag