На сите ни се случило еднаш да се појави мозолче на лицето на еден многу важен ден. Иако не е толку видливo, ни се чини дека сите само него го гледаат. Се обидуваме да го скриеме со шминка – коректори на бои, пудри, пудри за сетирање и така, несвесно, само ја влошуваме ситуацијата и ја правиме позабележлива. Овие седум грешки најчесто ги правиме кога ги покриваме несовршеностите на лицето, а еве како да ги избегнете, според советите на Пинквил.
Прескокнување на пилинг
Откако ќе се измиете и ќе ја направите вашата редовна рутина за нега, направете мини-пилинг. Пилингот ќе ја отстрани мртвата кожа од вашето лице и мини-крастите доколку сте некој што „чепка“ мозолчиња и митесери. Ако го прескокнете овој чекор, коректорот само ќе ја направи вашата нерамна кожа поизразена. Изберете хидратантен коректор за сува и лушпеста кожа.
Стискање на мозолче
Најголемата грешка што можеме да ја направиме е самите да стискаме мозолчиња и митесери. Ова може да доведе до воспаление или инфекција, а неправилното исцедување на мозолчињата ќе остави лузна или хиперпигментација. Исто така, ќе биде потешко да се покрие местото со шминка – повторно ќе се наполни, а крвта што ќе излезе ќе замрзне и ќе направи грутка под целата таа шминка.
Прескокнување на прајмерот
Прајмерот има моќ да ги држи сите производи на лицето во текот на денот. Прајмерот убаво ќе ја подготви кожата за коректор и пудра.
Изборот на вистинската „алатка“ е исклучително важна кога станува збор за покривање на мозолчињата. За кожа склона кон акни, треба да изберете бјути блендер или четка за коректор, а потоа убаво намачкајте го сето тоа со прстите.
Брзо нанесување на пудра преку коректор
Трикот за уредна шминка е да ги оставите производите да отстојат некое време. Ако се брзаме, немаме време за вакво нешто, но во овие ситуации мора да се прилагодиме. Кога ќе го нанесете прајмерот, почекајте малку, па нанесете го коректорот и убаво намачкајте го со прстите, а потоа нанесете ја пудрата која исто така внимателно ќе ја нанесете и намачкате.
Различни бои за различни намени
Кога имате црвени мозолчиња, потребен ви е зелен коректор за да го неутрализирате црвенилото. Портокалов коректор се користи за да се сокријат темни дамки или темни кругови. Затоа секогаш имајте при рака палета на коректор на бои за вакви ситуации.
Погрешна нијанса на коректор
Важно е да ја изберете вистинската нијанса на коректор според тонот и подтонот на вашата кожа. А посветлите или потемните нијанси всушност можат да го направат вашето мозолче да се истакне наместо да го крие. Не користете нијанси кои се премногу светли во споредба со основата. Една или две бои посветли се сосема доволни.