Ефтин и брз овошен десерт: Најсочните МАФИНИ СО МАНДАРИНИ и јогурт

popara8 декември, 20221min00
331035_mafini-od-mandarina-shutterstock-1271421526_ff

Мафините се омилениот десерт на многумина, а состојките за оваа варијанта можете да ги изматите за пет минути, а потоа се што треба да направите е да седнете до рерната додека прекрасниот мирис се шири низ куќата.

Трикот е во јогуртот, кој му дава сочност на колачот, додека ренданата кора од лимон е тука за посебен вкус на цитрус.

Состојки:

240 грама брашно
100 грама шеќер
½ лажичка сол
1 лажичка сода бикарбона
2 лажички прашок за пециво
60 грама путер
2 лажици млеко
1 јајце
240 милилитри густ јогурт
2 мандарини
рендана кора од лимон

Подготовка:

Во сад измешајте брашно, шеќер, сол, прашок за пециво и сода бикарбона.

Растопете го путерот, оставете да се излади, потоа додадете млеко, јајце и јогурт и сè убаво измешајте. Потоа постепено додавајте ги сувите состојки додека мешате и убаво измешајте додека не ги скршите сите грутчиња.

Додадете една лажица рендана кора од лимон и сечканата мандарина, па повторно добро измешајте.

Истурете ги во чашките за мафини додека не се наполнат ⅔, па печете во загреана рерна на 200°C околу 20 минути.

Оставете да отстои 5 минути, па извадете и послужете со чај, кафе, сок од портокал…

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag