ДАЛИ СТЕ СВЕСНИ ЗА СОПСТВЕНАТА ВРЕДНОСТ 7 начини како да почнете да се почитувате себеси

popara8 декември, 20221min00
Screenshot_3

Перфекционизмот има два аспекти. Првиот аспект ги опфаќа нереалистичните високи очекувања од себе, од другите и воопшто од животот, додека пак вториот аспект опфаќа преголема окупираност со своите мани и грешки кои се јавуваат при некои најчести професионални активности. Овде кај личноста постои тенденција да се фокусира на она што смета дека е лошо и негативно, додека ги занемарува позитивните карактеристики. Перфекционизмот може да биде последица на ниска самодоверба. Тоа е некој вид внатрешна критика на секој труд што го прави личноста, што ја убедува дека ништо никогаш нема да биде доволно добро. Ова може да доведе до стрес и исцрпеност. Секогаш кога вашиот перфекционизам ќе ви порача дека сте требале нешто да направите, сте морале или не сте смееле да го направите тоа на одреден начин, тој ве турка кон анксиозност. Колку поголем перфекционист сте, толку повеќе ќе чувствувате нервоза. За да преминете низ оваа состојба потребна е суштинска промена на вашиот став кон себе и воопшто кон животот. Погледнете ги овие неколку насоки кои може да ви помогнат околу тоа.

 

 

 

 

  1. Откажете се од идејата дека вредите онолку колку што сте постигнале. Видливите достигнувања претставуваат начин на кој другите ја мерат „вредноста“ и „социјалниот статус.“ Но, треба ли да им дозволите на другите да ве вреднуваат вам како личност? Тоа е вештачки изграден систем на вредности, кој најверојатно и вашите родители ви го пренеле. Спротивно на тоа, треба да настојувате да размислувате дека вие вредите само затоа што постоите, како и секое друго битие на планетата. Треба да тежнеете луѓето да ве сакаат и да ве прифатат поради вас самите, а не затоа што нешто сте постигнале.

 

  1. Идентификувајте го и надминете го перфекционистичкиот начин на размислување. Покрај другото, перфекционизмот се изразува и преку начинот на кој вие си се обраќате на себе. Три начини на размислување се карактеристични за перфекционистичкиот став: „Требам/Морам“, „Сѐ или ништо“ и „Прекумерно генерализирање.“ На пример, вие можете да си зборувате: „Не смеам да правам грешки“, „Сето ова е погрешно“, „Јас ова не можам да го направам како што треба“, „Секогаш правам ужасни работи“, „Никогаш не би можел/а да го направам ова.“ Кога ќе ги препознаете овие реченици во кои обично се јавуваат зборовите како што се мора, треба, секогаш, никогаш, сѐ, ништо, потребно е да ги замените со спротивни реченици каде што нема да биде изразен перфекционизмот. На пример, кажете си дека ќе ги направите работите најдобро што можете, прифатете дека секој прави грешки и дека нема секогаш да биде лошо. Секако дека не е лесно веднаш да се заменат овие реченици со нови мисли. Најпрво треба да научите како да ги препознаете, да согледате дали се погрешни и постепено да ги отфрлите и да ги замените со нови.

 

  1. Не им давајте преголемо значење на малите грешки. Еден од најпроблематичните аспекти на перфекционизмот е тенденцијата да се фокусирате на малите грешки. Перфекционистите се премногу строги кон себе дури и за мала грешка што има слаби или воопшто нема последици. Кога ќе размислите за важноста на грешките што сте ги направиле денес, настојувајте да размислите и за тоа колку тие ќе ви бидат важни еден месец подоцна? Или пак за една година? Во најголем број случаи тие ќе бидат заборавени за краток временски период. Запаметете дека нема вистинско учење без грешки, а ниту еден успех не може да биде постигнат без многу падови на тој пат.

 

  1. Фокусирајте се на позитивните аспекти. Справувајќи се со мали грешки, перфекционистите ги занемаруваат позитивните достигнувања. Тие игнорираат сѐ позитивно што направиле. За да се изборите со ова, потребно е на крајот на денот да ги запишете и да ги сумирате сите позитивни работи што сте ги направиле. Покрај тоа додајте што уште би сакале да направите за да бидете подобри. На пример, запишете: „Денес бев добар/добра на состанокот со новиот клиент, но можеби требаше да звучам поубедливо.“

 

  1. Работете на тоа да постигнете реални цели. Дали вашите цели се реални или се на превисоко ниво? Дали очекувате од другите да ги постигнат целите кои вие сте ги поставиле? Понекогаш е тешко да се препознаат оние високите, перфекционистички цели. Затоа треба да проверете со помош на вашите пријатели дали тие се реално достижни и дали е рационално да тежнеете да ги остварите. Доколку очекувате премногу од себе и од оние околу вас, би требало да ги обликувате така што ќе бидат во склоп со ограничувачките фактори, како што е времето, енергијата и вашите ресурси. Вашиот организам не е машина која неуморно ќе работи за да ги постигне нереалните цели, само за вие да добиете потврда дека вредите повеќе. Прифатете ги сопствените ограничувања бидејќи не постои друг начин да се сакате и да се почитувате себеси.

 

  1. Посветете се на личното уживање и рекреација. Перфекционизмот ги прави луѓето да бидат склони да се одречат од своите желби ако тие ги оттргнуваат од поставените цели. Ова води до намалување на виталноста и креативноста. Задоволството и наоѓањето утеха во животот е спротивно на оваа тенденција. Дали сметате дека сте премногу сериозна личност и не дозволувате да се забавувате, рекреирате и опуштате? Обидете се да одвоите време за релаксација, а тоа можете да го започнете така што секој ден ќе правите барем една работа во која ќе уживате.

 

  1. Ориентирајте се на процесот. Кога спортувате, дали го правите тоа за да победите или да уживате во таа активност? Дали во животот генерално „играте“ за да победите и ги испитувате границите на својата издржливост по секоја цена, или уживате во секојдневниот процес што го правите во текот на денот, неделата…? Многумина, особено со текот на годините, имаат тенденција да го користат најдоброто од животот, а тоа го постигнуваат така што вредноста ја насочуваат на процесот на занимавање со нешто, но не и на самиот производ или успех. Ако се фокусирате на процесот и уживате во него, чекор по чекор, не мислејќи на крајниот резултат, вашиот резултат ќе биде многу подобар затоа што ќе се фокусирате на секој дел од тоа што го правите и нема да бидете опседнати со идејата за прекрасниот краен резултат.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag