Потребни се само три состојки: Еве како да направите вашата куќа секогаш да мириса на свежо (ВИДЕО)

popara8 декември, 20221min00
Screenshot_7

Една мајка од Австралија откри едноставен трик што го користи за нејзиниот дом да мириса на луксузна продавница. Шантел Мила објавила видео на ТикТок и објаснила како направила освежувач за воздух што се состои од резанки лимон, рузмарин и есенција од ванила.

 

 

 

Освежувачкиот мирис е изненадувачки лесно да се направи и вклучува две шолји вода во кои се додаваат три состојки.

 

Во водата се става еден исечкан лимон, 4 гранчиња рузмарин, како и лажиче есенција од ванила.

 

„Дозволете да врие за да го исполните вашиот дом со мирисот“, напишала Шантел.

 

„Не заборавајте да долевате вода во текот на денот“, потсетила.

 

Овој трик е алтернатива за скапите купечки свеќи или миризливи стапчиња.

 

Другите корисници на ТикТок биле воодушевени од трикот, а една жена го поставила прашањето како треба да се искористат остатоците.

 

„Дестилирана вода е одличен спреј, или со 50/50 бел оцет и вода, можете да направите повеќенаменско средство за чистење“, рекла Шантел.

 

Исто така, открила дека мирисот трае до три цели дена, додека спрејот ќе трае неколку месеци.

 

@mama_mila_

The DIY signature scent that will become your favourite 🍂 #hometips #homefragrance

♬ You Stepped Out Of A Dream – Nat King Cole

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma