ЏЕНИФЕР ЛОРЕНС ЖИВЕЕ ВО ЗАБЛУДА: Јас сум првата жена која глумела главна улога во акционен филм (ВИДЕО)

popara9 декември, 20221min00
261206_jenifer01_f

Актерката Џенифер Лоренс тврди дека таа е првата жена која добила улога во акционен филм, но многумина знаат дека тоа не е точно кога ќе ги земете во предвид фактите.

Лоренс неодамна гостуваше во една емисија, каде разговараше со Виола Дејвис за нејзините искуства во забавната индустрија. Актерката рече дека нејзиниот одлучувачки момент бил кога ја добила улогата на Кетнис Евердин во филмот „Hunger Games“ од 2012 година.

– Се сеќавам кога го снимав тој филм, никој никогаш не ставил жена во главна улога во акционен филм затоа што тоа не би функционирало. Бидејќи ни е кажано дека и девојчињата и момчињата можат да се поистоветат со машката главна улога, но момчињата не можат да се поистоветат со главната женска, рече Лоренс.

– Многу ме прави среќна секој пат кога гледам како излегува филм кој ги крши сите тие верувања и докажува дека тоа е само лага која некои луѓе ги оддалечува од филмовите. Одржува одредени луѓе на истите позиции на кои секогаш биле – додава таа.

Погрешно тврдење

Но, нејзиното тврдење дека никој не ставил жена во главната улога во акционен филм пред нејзината улога во „Игрите на гладта“, многумина го сметаат за погрешно. Сигурни Вивер ја играше Елен Рипли во филмот „Осмиот патник“ од 1979 година, како и во продолжението седум години подоцна.

Анџелина Џоли глумеше не во еден, туку во два филма „Tomb Raider“ (2001 и 2003), а ја имаше главната улога и во филмовите „Wanted“ од 2008 и „Salt“ од 2010 година. Ума Турман беше незапирлив убиец во две продолженија на „Kill Bill“, а Ронан Соирс блесна во „Hana“ од 2011 година, каде глумеше машина за убивање со задача да елиминира висок разузнавач.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma