Мадона објави видео кое направи „хаос“ на мрежите: Тоа не ѝ беше доволно, па предизвика бурни реакции со описот (ВИДЕО)

popara9 декември, 20221min00
madona-1-830x0

Тешко е да се најдат зборови за да се опишат новите објави на Инстаграм профилот на кралицата на попот, Мадона (64).

 

 

 

Следбениците на пејачката се прилично навикнати на шокантни фотографии и видеа, а таа овој пат се надмина себеси.

– Само ти (јас) – напишала Мадона под кратката фотографија на својот профил, на која прво позира со очила за сонце, а потоа веднаш со маска на лицето и камшик во устата.

 

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА.

 

Но, тоа не беше крајот.

 

Пејачката не застана тука, па по видеото сподели и сет фотографии на кои позира многу провокативно.

– Сексот беше одличен оваа недела, благодарам на сите – напишала во описот и со тоа предизвикала многу коментари, и добри и лоши. За само 15 часа собрала околу 50 илјади лајкови на објавата, судејќи по коментарите, новите фотографии и видеа на пејачката не им се допаднале на фановите.

 

 

“Што правиш? Ти си неверојатна пејачка и немаш потреба да го правиш ова. „Изгледаш стара и очајна за внимание. Те молам застани. Ја уништуваш својата убавина”, “Мадона, те молам престани со ботоксот и операциите. Направи нов албум“, „Некој ве молам нека ја стави оваа дива ,која очајно бара внимание, на други дроги. Таа ги плаши децата и ги губи обожавателите побрзо од Титаник“, беа само дел од коментарите.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma