КИМ КАТРАЛ ВО ПРОДОЛЖЕНИЕТО НА ”EMILY IN PARIS”? Ѕвездата се појави на премиерата на серијата и покрена низа шпекулации

popara10 декември, 20221min00
kim-catrall-0742966080

Иако, за жал, го отфрливме „Враќањето на Ким Катрал во продолжението на Сексот и градот“ од нашата листа на желби за 2022 година, се чини дека саканата актерка можеби се враќа во проширениот универзум на продуцентот Дарен Стар.

Ким беше категорична во својата одлука да не се врати на ликот на Саманта под околностите со кој управува Сара Џесика Паркер, но се чини дека прифати нова улога, во една од најпопуларните серии во моментот – Emily In Paris.

 profimedia-0661405702.jpg

Секако, посветените фанови веќе ги забележаа „случајните“ вкрстувања меѓу овие две серии. Имено, во деветтата епизода од продолжението And Just Like That, францускиот актер Вилијам Абади, кој го толкува Антоан Ламберт во серијата Emily In Paris, се појави во изненадувачка улога како љубезен сопственик на клуб, па веројатноста дека Ким ќе го направи истото во Париз е всушност високо (а можеби и во улогата на Саманта?).

 Kim Cattral glumi u trećoj sezoni serije Emily in paris

Кога излегува третата сезона на Емили во Париз?

Па, или конечно си ја добиваме желбата или Ким само не задева, но факт е дека на премиерата на третата сезона на Emily In Paris дојде заедно со целата актерска екипа, со што започнаа шпекулациите. Самиот продуцент Дарен Стар изјави за Variety дека би сакал Ким да се појави во Emily In Paris како гостинска ѕвезда. „Би сакал да најдам нешто убаво и сочно за неа“, рече тој. И ние би сакале исто така!

Третата сезона започнува на 21 декември на Нетфликс. Stay tuned!

 profimedia-0742966751.jpg

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma