Изгледа дека историјата се повторува за Бред, со оглед на тоа дека во новиот хит филм Вавилон ќе застане рамо до рамо со официјално најубавата жена на светот. Трејлерот за филмот е веќе објавен и веднаш ја распламна имагинацијата на гледачите, а не е ни чудо што на самиот почеток може да се види необичен и провокативен танц.
Всушност, ова дуо е веќе видено во филмот „Once Upon a Time in Hollywood“, но сега Марго крена прашина во јавноста за „не толку вообичаеното“ барање да го бакне посакуваниот колега Пит.
Марго изјави дека за својата идеја разговарала со режисерот Демиен Шазел пред да се одлучи за бакнеж. „Реков: „Мислам дека Нели само ќе го бакне Џек“, а Демиен рече: „Па, можеш… почекај, почекај. Ти само сакаш да го бакнеш Бред Пит.“ И реков: „Добро, тужи ме. Оваа прилика можеби никогаш повеќе нема да ми се укаже.“
Таа, исто така, го опиша снимањето како „она што ќе стане иконична сцена со бакнеж“, разгорувајќи ја фантазијата на јавноста. Некои дефинитивно би сакале да ги видат како пар, но има и такви кои веруваат дека се е напумпано за промоција на филмот.