Со оглед на тоа колку се „силни“, јајцата многумина ги сметаат за лош избор за време на диета. Сепак, тие не само што не дебелеат, туку можат да бидат корисни доколку сакате да изгубите тежина на здрав начин!
Неколку научни студии покажаа дека јајцата се одличен сојузник за слабеење, вклучувајќи ја и онаа чии наоди беа објавени во научното списание International Journey of Obesity пред неколку години.
Во текот на двомесечното истражување, научниците следеле две групи луѓе кои се обидувале да ослабат. Еден дел од учесниците појадувале по две јајца секој ден, додека другиот дел јаделе пецива наутро.
Но, и двете групи консумирале исто количество калории, а резултатите покажале дека во 65 отсто од случаите, по два месеци, оние кои јаделе јајца изгубиле повеќе килограми, а и тоа биле припадници на двата пола!
И не само тоа, туку имале и повеќе енергија од оние кои појадувале јаглехидрати и индексот на телесна маса им бил значително намален.
Имено, јајцата се богати со висококвалитетни протеини и содржат многу витамини и минерали, пред се витамините А, Д, потоа Б комплексот и многу фолати и холин.
Како што докажаа неколку истражувања, јајцата го забрзуваат метаболизмот, по што сме посити подолго време и трошиме помалку калории подоцна во текот на денот, а тие се една од најздравите опции за појадок.