Малку бадеми, смокви, какао во прав, рум и уште неколку состојки ќе бидат доволни за овие одлични топчиња
Кога сакате брз и вкусен десерт , овие топчиња се вистинскиот избор за вас:
СОСТОЈКИ:
- шолја и пол бадеми
- чаша суви смокви
- половина чаша какао во прав
- сок од четвртина лимон
- две лажици мед
- лажичка екстракт од ванила
- три или четири лажици рум
- на врвот на ножот сол
ПОДГОТОВКА:
Ставете ги бадемите во блендер и добро изблендирајте. Потоа додадете смокви, третина од шолја какао во прав, сок од лимон, мед, ванила, рум и малку сол, па измешајте додека не се добие еднолична смеса. Направете топчиња, валкајте ги во преостанатото какао, па ставете ги во фрижидер да одморат еден час.