Новогодишна загатка: Најдете го Снешкото со различна капа

popara13 декември, 20221min00
dudolf-deda-mraz-1-830x0

Колку време ви требаше за да дојдете до решението?

Унгарскиот уметник Џерџи Дудас, попознат како Дудолф, секогаш нè воодушевува со интересни криенки кои брзо станува хит на Интернет. Со оглед на тоа што со своите илустрации секогаш ги следи актуелните случувања, сега решил да нацрта многу Снешковци, елка и Дедо Мраз.

Вистинска празнична атмосфера, нели? Но, ако мислите дека нема ништо необично на оваа илустрација, мораме да ви кажеме дека грешите.

Имено, како што можете да видите, Дудолф на речиси секој Снешко му нацртал црвено-бела капа.

Меѓутоа, еден Снешко има поинаква капа од другите, а вашата задача е да го најдете.

Дали успеавте?

Ако не, погледнете добро во горниот десен агол.

Не успеавте ни сега?

Погледнете го решението подолу.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma