Доктор открива зошто никогаш не треба да одите „за секој случај, уште еднаш“ до тоалет

popara14 декември, 20221min00
front-view-woman-holding-toilet-paper-roll-830x0

Стресна уринарна инконтиненција значи состојба во која урината неконтролирано се ослободува од мочниот меур за време на смеење, кивање, кашлање или друг стрес.

Физиотерапевт за здравје на карлицата вели дека секоја жена која има проблем со уринарниот систем треба да оди на карличен здравствен преглед за да може лекарот да утврди што го предизвикува проблемот.

Докторката Естер Стабс вели дека Кегеловите вежби не се решение за секакви проблеми и дека во некои случаи можат да ги влошат проблемите, пренесува „The Sun“.

Таа посочува дека пред се жените треба да престанат да вршат нужда „за секој случај“, т.е. тогаш кога нема да почувствуваат потреба за тоа.

Мочниот меур е резервоар за задржување на урината и треба да се испразни само кога е полн.

– Со често мокрење го тренирате мочниот меур да сака да се испразни кога не е полн – вели таа.

– Супстанциите како алкохол, кофеин, цитрус и газирани пијалоци ја иритираат слузницата на мочниот меур поради што се чувствувате како да треба почесто да одите во тоалет. Размислете за намалување на внесот на овие видови течности – додаде Естер.

Причините за неконтролирано празнење на мочниот меур може да бидат начин на живот, здравствени проблеми, бременост и дебелина.

Губењето на тежината и вежбањето често водат до добри резултати.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma