БЕВ СИГУРЕН ДЕКА СУМ ОД ДРУГА ПЛАНЕТА! Популарниот актер откри дека мислел дека е ВОНЗЕМЈАНИН, па отишол во ОРДИНАЦИЈА и дознал…

popara14 декември, 20221min00
570333_nikap2_f

Холивудскиот актер Николас Кејџ откри дека како дете верувал дека е вонземјанин од друга планета и бил шокиран кога лекарите му рекле дека има „нормални органи и нормални коски“ како и сите други.

Говорејќи за магазинот „Rampstyle“, тој се отвори за своето детство, велејќи дека се борел со односите со луѓе бидејќи бил „социјално неснаодлив“.

– Бев шокиран денот кога отидов на лекар како дете и дознав дека имам нормални органи и нормални коски. Бев сигурен дека сум од друга планета – раскажува Кејџ.

Николас вели дека неговата „општествена неснаодливост“ го инспирирала да продолжи со кариерата како актер.

Заедно со тешкотиите во поврзувањето со други луѓе, Дејвид Боуви од филмот „Човекот кој падна на Земјата“ го мотивирал да стане актер. Кејџ, воедно и добитник на Оскар, со текот на годините доспеа до многу насловни страници поради ексцентричните приказни за неговиот живот.

Тој не сакал да биде „татин син“

Николас Кејџ е роден како Николас Ким Копола во семејство со италијанско-германско потекло кое со генерации се поврзувало со филмот и уметноста, наведува Википедија.

Познатиот режисер Френсис Форд Копола е вујко на Николас. Во 1983 година добива улога во филмот на неговиот вујко „Rumble Fish“. Поради коментарите на хејтерите дека улогата во филмот ја добил поради неговите семејни врски, а не поради неговиот талент, Николас го смени презимето од Копола во Кејџ.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma