Еве како пречестата мастурбација и користењето на секс играчки влијаат на вашето тело

popara14 декември, 20221min00
676

Ако сте загрижени дека ќе ги почувствувате последиците од пречестата мастурбација и употребата на секс играчки, можете да здивнете.

„Pop Sugar“ разговараше со директорката на програмата за женска сексуална медицина на Универзитетот Стенфорд, Леома Милхајзер, која тврди дека честото користење на сексуални помагала нема да остави последици, пишува „Index“.

– Тоа прашање ми е омилено, бидејќи не, нема да ви наштети. Напротив, сексуалните играчки само ги подобруваат сексуалните функции. Секако, доколку секојдневно ги користите со часови, можно е вашата вагина да стане помалку чувствителна, но тоа е само привремено. Но, повеќето жени не го прават тоа, па нема причина за грижа – изјави Милхајзер.

Таа забележува дека секс-играчките се одлични за истражување на интимноста, без разлика дали ги користите со партнерот или сами, а особено се корисни за оние жени на кои им е потребно малку повеќе стимулација за да доживеат оргазам.

– Играчките се многу неопходни и корисни за жените кои имаат потешкотии да постигнат оргазам, особено по менопаузата. Помладите жени може да се грижат дали ќе станат зависни од таа дополнителна стимулација. Тоа не значи дека нема да доживеат оргазам без нив, но можно е повеќе да уживаат во сексот со играчки. И тоа е во ред – додава. Најдобро е повремено да користите играчки, а понекогаш не, но најважно е да го правите она од што сте најзадоволни, нагласува на крајот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag