Мора да се соочите со реалноста
Кога сте заљубени и го гледате светот низ очила во розови бои, лесно е да ја превидите вистината.
Под влијание на емоциите често се лажеме себеси и живееме во заблуда дека некои работи во врската, кои ве мачат, со текот на времето ќе се променат.
Сепак, тоа никогаш нема да се случи, а психолозите ги издвојуваат четирите најчести примери:
- Нашите големи разлики ќе се избалансираат
Иако разликите понекогаш се големи и треба да постојат, доколку се преголеми и ве ставаат на спротивставени страни кога се во прашање важни животни прашања, со текот на времето сигурно ќе предизвикате тензии кои ќе се претворат во поголеми проблеми и сосема веројатно ќе доведат до раскинување.
- Можам да го сменам дури и ако тој не сака
Не се залажувајте. Не можете да промените некој што не сака да се промени. Дури и да се случи некаква промена, другата страна, која не ја сакала таа промена, на крајот ќе почне да ви замерува.
- Работите ќе се подобрат со текот на времето
Оптимизмот е одличен, но ако треба да се залажувате на самиот почеток на врската, бидејќи ситуацијата не е многу сјајна, мора да бидете свесни за фактот дека ситуацијата многу веројатно нема да се промени на подобро. Уште повеќе, ќе се влоши.
- Никогаш нема да најдам некој како него
Ова не е вистина. Освен тоа, опасно е да воздигнувате некого толку многу, особено ако се соочувате со проблеми. Веројатно сте заљубени во идеја која не е реална и би можеле да се разочарате.