НАЈДОБАР РЕЦЕПТ ЗА КРОФНИ! Овој трик им успева дури и на почетниците (ВИДЕО)

popara17 декември, 20221min00
644774_unnamed-1_f

Викендот е пред нас, а ако сакате нешто слатко, ви препорачуваме да направите меки крофни кои им успеваат дури и на почетниците

Состојки:

15 гр квасец

1 лажичка шеќер

2 јајца

200 мл млеко

2 лажици масло

450 гр брашно

малку сол

масло

1 ванилин

шеќер во прав

Подготовка:

Квасецот издробете го, додадете шеќер и прелијте со малку млака вода. Кога ќе запени се додаваат јајцата, млекото и се мати малку со жица. Додадете брашно и замесете, тестото да биде меко и глатко.

Покријте малку да нарасне. Исечете помали квадрати од хартијата за печење. Тестото исечете го на помали парчиња од по 20 g и направете топчиња меѓу дланките.

Се редат на исечените хартии, па се покриваат да нараснат. Спуштете ги крофните заедно со хартијата во маслото и по 5 секунди извадете ја хартијата.

Се пржат на средна температура до заруменат од двете страни. Извадете ги, па посипете со ванилин шеќер и шеќер во прав.

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag