Веќе е познато дека актерот Даниел Крег ја играше последната улога на познатиот агент 007, Џејмс Бонд, а според првите информации неговото место треба да го заземе британскиот актер Хенри Кавил.
Се очекуваше популарниот британски актер повторно да го облече костумот на „Човекот од челик“ за уште еден филм на „DC“, но се чини дека продуцентите сепак сакаат помлад актер во улогата на Супермен.
Тој ги извести фановите на Инстаграм дека сепак нема да го глуми суперхеројот.
– Откако студиото ми кажа да го објавам моето враќање во октомври, оваа вест не ми се допадна, но таков е животот – напиша Кавил.
По овој настан многумина мислат дека Хенри ќе биде идеалниот кандидат за новиот Џејмс Бонд.