Размислете за тие техники: Зошто трајната шминка е добар избор и на што треба да внимавате?

popara17 декември, 20221min00
firzura

Во последно време трајната шминка стана тренд, па девојките со задоволство се одлучуваат за вакви третмани, особено кога се во прашање веѓите.

Од друга страна, има и такви кои се многу скептични во врска со тоа.

Трајната шминка е постапка со која пигментите во боја се втиснуваат во кожата, а како што кажува и самиот збор, таа е трајна и тешко се отстранува.

Поради начинот на кој се изведува, оваа постапка е слична на тетовирањето. Трајна шминка можат да изберат оние кои немаат проблем со алергии и чија кожа не е премногу чувствителна, како и оние жени кои секојдневно се шминкаат.

Исто така, оваа процедура е идеална за оние кои имаат нагласени неправилности на лицето, поради што претставуваат естетски проблем. Може да се нанесува на различни делови од лицето, но главно на усните, очите и веѓите.

Доколку размислувате да нанесете трајна шминка, добро е да ги знаете нејзините предности и недостатоци.

Предности:

1. Не мора секој ден да се грижите за својот изглед – ќе изгледате свежо и убаво во секоја прилика.

2. Прикривање на несовршеностите – трајната шминка може да биде идеално решение за прикривање на несовршеностите на вашето лице, како лузни и слично.

3. Ретки веѓи – во случај да имате ретки веѓи кои се речиси невидливи, трајната шминка на веѓите ќе ви го врами лицето, а вие можете да создадете форма која најмногу ви одговара.

4. Алергии на класична шминка – некои жени имаат алергиски реакции на некои супстанции кои се наоѓаат во класичните производи за убавина, па трајната шминка може да биде добар избор.

Мани:

1. Цена – третманите за нанесување трајна шминка воопшто не се евтини.

2. Непријатно чувство – пред ваков третман се дава локална анестезија за полесно да ја поднесете болката која следи.

3. Можни алергии – иако боите што се користат за нанесување трајна шминка се дерматолошки тестирани, никогаш не знаете како ќе реагира вашето лице, особено кога лицето е многу чувствително.

4. Многу тешко се отстранува – со оглед на тоа што поентата на овој тип на шминка е да биде што е можно подолготрајна, таа е направена на таков начин што тешко се отстранува, па може да остане на вашето лице до пет години.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag