Актерката Моника Белучи (58), која многумина ја сметаат за една од најубавите жени на светот, ја имала честа нејзината фотографија да биде претставена на изложба во една галерија во Милано. Познатиот италијански фотограф Џан Паоло Барбиери ја фотографирал актерката без облека
Фотографијата е направена во 2000 година како дел од кампањата за познат моден бренд чија долгогодишна муза е токму актерката.
Моника Белучи привлече големо внимание бидејќи на сликата е гола, односно фустанот е соблечен повеќе од половина од телото, така што и се гледаат голите гради и задникот.
Познатиот италијански фотограф Џан Паоло Барбиери е познат по тоа што ги фотографирал најубавите жени во светот, меѓу кои Ева Херцигова, Донатела Версаче, Одри Хепберн, а работел и за модните куќи Армани и Долче и Габана.