Стоматолог открива зошто не треба да ги миете забите веднаш откако ќе испиете сок од портокал

popara17 декември, 20221min00
676

Секој од нас, како што налага основната хигиена, ги мие забите после јадење, како и пред да оди на стоматолог. Но, по конзумирање на одредени пијалоци не треба веднаш да посегнувате по четката за заби, а по стоматолошки преглед да избегнувате одредени намирници и пијалоци.

Стоматологот д-р Калед Казем открива неколку важни чекори пред и по посетата на стоматолог.

– Важно е да ги четкате забите и да избегнувате одредени намирници, како што е лукот, пред прегледот на забите. Исто така, пред прегледот треба да избегнувате кафе, чај, газирани пијалоци и црвено вино бидејќи сите тие можат да ви ги извалкаат забите – рекол стоматологот, а пренесува „Mirror.co.uk“.

По прегледот и процесот на полирање на забите, треба да се избегнува сокот од портокал, поради неговата киселост, како и газираните сокови.

Миењето заби после пиење сок од портокал е најголемата грешка, истакнува стоматологот, бидејќи на овој начин може да се изгубат важни минерали, а може да има и естетски последици како губење на сјајот на забите.

– Има фаза, кога пиете кисел пијалок, тоа е она што го нарекуваме деминерализација и тоа е фазата во која минералите се елиминираат од забите. После тоа, плунката би довела до реминерализација, враќање на минералите во забите. Но, ако ги четкате забите пред да дојде фазата на реминерализација, ќе ја избегнете оваа фаза. Затоа е добро да почекате половина до еден час по консумирањето кисела храна и пијалоци, а потоа да ги измиете забите – објасни стоматологот.

Д-р Казем препорачува четкање на забите два пати на ден, најмалку две минути. Навечер пожелно е да се мијат подолго за да може флуоридот во пастата за заби, кој помага во спречување на кариес, да делува цела ноќ.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma