Ријана и нејзиниот партнер Асап Роки пред неколку месеци добија син, а до денес никој немаше можност да види како тој изгледа.
Пејачката после седум месеци решила да го покаже детето на светот, па на социјалната мрежа ТикТок објави видео на кое се гледа како момчето насмеано седи на седиште во автомобил.
– Се обидуваш да го земеш телефонот на мајка ти? – го прашува Ријана на видеото.
Засега не се открива името на детето, а фановите се воодушевени и од ова видео. Многумина забележале дека детето многу наликува на мајката.
Кога син ѝ наполни пет месеци, Ријана изјави дека таа и Асап не го објавиле името и фотографијата на детето затоа што едноставно не стигнале до тоа се уште.
@rihanna hacked