Првото нешто што треба да го направите е да го промените начинот на кој се грижите за вашата коса.
Советите за природен раст и обновување на косата се секогаш корисни. Кога ќе дојде до губење на косата, тоа често нема директни физички ефекти врз вашето здравје, но емоционалното влијание може да биде значително.
Постојат различни причини за губење на косата: генетика, хормонална нерамнотежа, габични состојби на скалпот, стрес, автоимуни болести и недостатоци во исхраната. Сепак, за наша среќа, постојат некои работи што можеме да ги направиме за да ја обновиме и повторно да ни израсне.
Совети за масажа
Се верува дека масажата на скалпот во комбинација со масла и маски за коса го стимулира растот и густината на косата во клетките на дермалната папила, кои се наоѓаат во основата на фоликулот на косата. Овие клетки играат клучна улога во формирањето на густината на косата, растот на косата и циклусот на опаѓање и повторен раст.
Познато е дека масажата го подобрува протокот на крв и здравјето на скалпот. Одвојувањето време за масажа на скалпот секој ден може да помогне и во ублажување на стресот и напнатоста, што е дополнителен бонус ако стресот е една од причините за губење на косата.
Масирајте го темето со врвовите на прстите. Движете се во мали кругови, нанесувајќи лесен до среден притисок. Иако не постои одредено време кое мора да го потрошите на масажа на главата, се препорачува да го масирате скалпот четири до пет минути дневно.
Алое вера
Алое верата долго време се користи за лекување на опаѓањето на косата. Исто така го смирува скалпот и ја храни косата. Може да го намали првутот и да ги одблокира фоликулите на косата кои можат да бидат „запушени“ со вишокот маснотии.
Можете да нанесувате чист гел од алое вера на скалпот и косата неколку пати неделно. Можете да користите и шампон и регенератор што ја содржат оваа билка.
Кокосово масло
Кокосовото масло содржи масна киселина наречена лауринска киселина, која продира во внатрешноста на косата и го намалува губењето на протеините од косата. Кокосовото масло може да се користи пред или после миење, во зависност од типот на вашата коса. Ако вашата коса има тенденција да се мрси, можете да го направите третманот неколку часа пред да ја измиете.
Измасирајте го кокосовото масло во скалпот и по целата коса. Ако вашата коса е сува, можете да користите и третман кој се остава да стои цела вечер, со нанесување масло и виткање на главата, па така да преспиете. Една студија исто така покажа дека кокосовото масло нанесено на скалпот помага да се збогати микробиомот на скалпот, правејќи ги скалпот и фоликулите на косата поздрави.