Психолозите од Универзитетот во Мичиген и „Вирџинија Тек“ наведоа пет намирници кои создаваат голема зависност, а резултатите од оваа студија се објавени во научно списание.
Според нивното мислење, високо преработената храна која содржи адитиви предизвикува речиси исто толкава зависност како и цигарите и тутунот.
Љубителите на слатки ќе ви кажат дека се „луди“ по чоколадо и дека тоа им делува како „дрога“ – ги смирува кога се под стрес, им го подигнува расположението и им дава силно чувство на задоволство по консумирањето.
Бројни експерти потврдија дека навистина постојат намирници кои предизвикуваат зависност во нашиот организам и издвоија пет намирници кои практично ве прават да чувствувате апстиненцијална криза кога не ги земате, а тоа се: чипс, сладолед, парчиња пилешко (нагетс). колачи и помфрит.
Научниците дошле до овие резултати врз основа на критериумите користени при проценката на зависноста од тутун. Редовното консумирање на нездрава, преработена храна може да доведе до компулсивно прејадување, бидејќи таквата храна, како никотинот, влијае на расположението и општото здравје.