Џони Деп и Амбер Херд ставија точка на обвинувањата за клевета: Актерката реши да плати – „Ја бранев својата вистина и тоа ми го уништи животот“

popara19 декември, 20221min00
2ba4ba8665446fcb33b9d067e732366af1fda831

Џони Деп и Амбер Херд ставаат крај на еден од најгорките холивудски разводи

Адвокатските тимови на Џони и Амбер постигнаа договор според кој осигурителната компанија на Херд ќе му плати 1 милион долари на Деп за да го реши случајот, пишува „Mail Online“. Сепак, се наведува и дека актерката не ја прифатила вината.

Да се потсетиме, судењето се одржа откако Амер изјави дека била жртва на семејно насилство за време на бракот со Деп. На актерката (36) и беше наложено да плати 10 милиони долари за компензација и 5 милиони долари за казнена отштета по шест неделниот судски спор. Додека Деп (59) доби налог да и плати на поранешната сопруга 2 милиони долари.

Адвокатските тимови на парот постигнаа спогодба за да избегнат нова тужба.

– Амбер сега со нетрпение очекува да продолжи со својот живот како што планирала пред шест години. Таа сака да ја остави оваа несреќна епизода зад себе и да се фокусира на она што го сака во животот, кариерата, семејството… – изјавил за „Mail Online“ извор близок на актерката.

Амбер морала да го продаде својот дом во Лос Анџелес за да го финансира правниот процес и не сакала да изгуби уште повеќе, пишува весникот.

– Оваа одлука ја носам затоа што ја изгубив вербата во американскиот правен систем, каде што моето незаштитено сведочење служеше како забава и храна за социјалните мрежи. По долго размислување, донесов многу тешка одлука да го решам случајот за клевета што го покрена против мене мојот поранешен сопруг во Вирџинија. Ја бранев својата вистина и тоа ми го уништи животот. Омаловажувањето со кое се соочив на социјалните мрежи е засилена верзија за тоа како жените се повторно жртвувани кога ќе пуштат глас. Сега конечно имам можност да се еманципирам од нешто што се обидов да го напуштам пред повеќе од шест години и под услови со кои можам да се согласам. Не се изјаснив за виновна, ова не е чин на отстапка – дел од изјавата на Амбер Херд.

Џони Деп се уште нема дадено официјална изјава, но неговата изјава се очекува.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag